
Новата сезона во Лигата на шампионите во Копенхаген стартуваше со вистинска драма, каде домашниот тим и Баер Леверкузен одиграа возбудливо реми 2-2. Атмосферата на „Паркен“ беше наелектризирана, а натпреварот кулминираше во последните минути.
Данците поведоа уште во деветтата минута преку Ларсон и долго го чуваа водството. Баер Леверкузен доминираше во вториот дел и конечно израмни во 82. минута, кога Алекс Грималдо со мајсторски слободен удар ја затресе мрежата. Само пет минути подоцна Роберт ја врати предноста за Копенхаген и изгледаше дека бодовите ќе останат дома.
Сепак, во судиското продолжение драмата доби нова насока – обидот за центаршут на Ечевери заврши со автогол на Хаѕидиакос за 2-2 и поделба на бодовите.
Многу помалку неизвесности имаше во Белгија, каде Клуб Бриж го надигра Монако со убедливи 4-1. Гостите можеа да поведат уште во десеттата минута, но Аклиуче не реализираше пенал. Казната стигна брзо – Тресолди, Ониедика и Ванакен донесоа огромни 3-0 до полувремето. Во вториот дел Диахон зголеми на 4-0, а единствената радост за Монако беше погодокот на Ансу Фати во судиското продолжение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
