Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите со Бенфика, кој заврши 3-3, предупреди дека неговиот тим ќе игра во полуфиналето против „Кралот на куповите“, мислејќи на тренерот на Виљареал, Унаи Емери. Тој е повеќекратен освојувач на Лигата на Европа.
„Првиот пат кога ќе се квалификуваме во полуфиналето на ЛШ, а јас нема да сум среќен, можете да ме удрире“, рече Клоп.
„Бенфика ги заслужи трите гола. Знаевме дека ќе биде тешко“, додаде германскиот стратег.
Во полуфиналето Ливерпул ќе игра против Вилјареал.
„Го видов резултатот на Вилјареал. Беа импресивни, ги исфрлија Јувентус и Баерн Минхен. Нивниот тренер Емери е „Крал на куповите“. Но, и ние ќе бидеме подготвени за надигрување”, изјави Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













