
Ливерпул одигра 1-1 против Арсенал во дербито на „Енфилд“, но остана и без Костас Цимикас, кој по еден дуел со Букаја Сака падна на десното рамо, и најверојатно заработи пукнатина на коската, поради што го очекува подолга пауза.
Грчките медиуми дури напоменуваат дека Цимикас би можел да го пропушти дуелот на репрезентацијата на таа земја против Казахстан во баражот за Европското првенство што се игра на 21 март.
Поради оваа причина, Ливерпул итно ќе излезе на пазарот за да најде решение бидејќи подолго повреден е и Енди Робертсон, а на левата бековска позиција Јирген Клоп го има само Џо Гомез, кој вчера одигра одличен меч по влегувањето во игра. Сепак, тој досега беше алтернатива на Трент Александер-Арнолд на спротивната страна.
Евентуално, Клоп би можел да игра со тројца позади доколку не најде задоволителна опција, што секако не е карактеристично за Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
