Connect with us

Клоп: Вау! Второто полувреме беше вистинска бура

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не можеше да не биде задоволен по победата над Лутон од 4-1. „Црвените“ први примија гол, но по одличното второ полувреме со убедлива победа успеаја да ги однесат трите бода.


„Многу сум задоволен од нашиот настап. Пред натпреварот никој не знаеше каков предизвик нѐ чека. Примивме гол и тоа веднаш нѐ поттикна. Сепак, второто полувреме беше вистинска бура. Вау! Тактички не направивме никакви промени. Само им реков на момчињата да си веруваат. Се гледа дека оваа сезона можеме да направиме пресврт на натпреварите. Им реков да останат смирени во важните моменти за да го завршиме натпреварот според нашите стандарди. Бевме навистина будни. Голот на Коди беше неверојатен“, изјави Клоп.

Германецот конкретно ги пофали четворицата свои играчи за нивната игра на натпреварот.

„Луис Дијаз се опушти, Коди Гакпо имаше одлична партија, Рајан Гравенберх исто така – сите беа неверојатни. Квивин Келехер мораше да се бори со осум до девет мажи за да дојде до топката при корнерите. Потоа влегоа децата и завршија одлична работа. Убаво е да се види како нашата култура ги едуцира следните генерации. Генерално, стадионот и тимот заедно го сменија текот на играта – тоа беше нешто несекојдневно“, додаде менаџерот на „црвените“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови