
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази задоволство од триумфот (2-0) над Глазгов Ренџерс во групата А од Лигата на шампионите. Тој истакна дека на неговиот тим му беше потребен токму таков настап за да си ја врати самодовербата.
„Токму тоа ни беше потребно. Понекогаш треба да се менуваат работите. Сигурно беше изненадување за Глазгов Ренџерс како бевме поставени на теренот. Победивме со 2-0 и јас сум повеќе од среќен“, изјави Јирген Клоп.
Германецот се определи за многу повнимателна игра, посебно во одбраната, затоа што се покажа дека тимот прими многу голови на стартот на оваа сезона.
„Ја трениравме оваа формација само еднаш. Им кажав на играчите како сакам да играме и мислам дека тие се покажаа добро. Понекогаш немавме среќа со офанзивните акции, но во дефанзива бевме непробојни“, дополни Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal