Шпекулациите околу иднината на Мохамед Салах во Ливерпул беа интензивни во последните недели, но менаџерот на клубот, Јирген Клоп, е најмирниот човек во целата сага. Клубот минатата недела одби понуда од 150 милиони фунти за египетскиот репрезентативец од Ал-Итихад, а „црвените“ потврдија дека 31-годишниот фудбалер не е на продажба.
Салах постигна гол во успехот од 3-0 против Астон Вила во неделата, а германскиот стратег потврди дека играчот е целосно фокусиран на неговите настапи за клубот.
„Никогаш не сум се сомневал во неговата посветеност на тимот. Не можете ни да замислите колку е тој во моментов фокусиран. Тој е наш играч и сака да игра тука“, додаде Клоп.
„Секако дека разговараме и знам дека сака да остане. Тој сака да остане на „Енфилд“. Среќни сме бидејќи ни требаат такви играчи“, додаде менаџерот на Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













