Ливерпул го совлада Вoтфорд на гости со 0-5 во осмото коло од Премиер – лигата, а Египќанецот Мохамед Салах беше феноменален.
Салах имаше маестрална асистенција за првиот гол на Садио Мане, а подоцна и самиот постигна гол откако брилијантно ја надмудри одбраната на Вотфорд во 54. минута.
Јирген Клоп, менаџерот на „црвените“, беше пресреќен со прикажаната игра на тимот и уште еднаш го пофали Салах, кој во моментов за него е најдобриот светски фудбалер.
„Играше неверојатно. Асистенцијата за првиот гол беше одлична, а вториот погодок беше посебен. Тој е најдобар. Кој е подобар од него? Нема потреба да зборуваме за она што го направија Роналдо и Меси во светот на фудбалот, но во моментов, Салах е најдобар “, изјави Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













