
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека според околностите е подготвен да го прифати бодот на дуелот против Кристал Палас како позитивен резултат. Со оглед дека „црвените“ имаа негатива, а потоа останаа и со фудбалер помалку по црвениот картон на Дарвин Нуњез, тоа е сепак прифатлив резултат за германскиот стратег.
Тој по мечот најпрво го прокоментира црвениот картон на Нуњез.
„Секако дека тоа е црвен картон. Тој беше провоциран цело време, но тоа не му дава право да одговори така. Дарвин знае дека тоа не е реакцијата што сакам да ја видам од него. Централните бекови ќе прават секакви работи за да го спречат да даде гол, а тој не смее така да реагира. Оваа ситуација не е добра за нас, но тој ќе ја научи лекцијата. Ќе разговарам со него. Казната ќе ја користиме продуктивно. Ќе ја нагласиме физичката работа за да го направиме посилен – ова не е казна, целта е да зацврсне“, изјави Клоп.
Потоа се насочи и на натпреварот и освоениот бод на премиерниот меч на „Енфилд“ во новата сезона.
„Горд сум на овој пресврт, особено по неделата што ја имавме со сите проблеми со повредите. Беше како да имавме вештерка на стадионот. Не сакавме да освоиме бод, но по се што се случи, ќе го поднесам некако тоа“, додаде менаџерот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
