
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е во незавидна ситуација, менаџерот Јирген Клоп практично остана без одбрана. Вирџил ван Дајк сериозно се повреди и ќе отсуствува цела сезона, Жел Матип е надвор од теренот, а и единствениот играч кој можеше некако да ја пополни дупката, Фабињо, исто така заработи повреда. Сега Ливерпул е само со еден стопер во тимот – Џо Гомез.
Клоп мора да реагира, ќе купува стопер веќе во јануари. Прв на списокот е Калиду Кулибали, дефанзивецот на Наполи. Германскиот стратег подолг период ги следи неговите игри, нема да штеди пари за да го доведе на „Енфилд Роуд“ во зимскиот преоден рок. Според информациите од Островот, Ливерпул е подготвен да плати 90 милиони евра за одбранбениот фудбалер на Наполи.
За Кулибали се интересираат најголемите клубови од Европа. Тој е желба и на Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Манчестер Сити, а претседателот Аурелио де Лаурентис не мисли да му дозволи да замине без отштета од 100 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Важен триумф за Валенсија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Расмус Хојлунд
