Connect with us

Клоп купува нов напаѓач во јануари

Ливерпул е во криза, и резултатска, но и играчка, со оглед дека голем број фудбалери се жалат на повреди. Најновата „жртва“ е Луис Дијаз, па менаџерот Јирген Клоп размислува да го засили тимот со уште еден крилен напаѓач во зимскиот преоден рок.


Проблемите се Ливерпул се уште поголеми со оглед дека и ѕвездата на тимот Мохамед Салах игра слабо од почетокот на сезоната.

Германскиот стратег фрли око на Џереми Доку од Рен, пишуваат медиумите во Англија.
20-годишниот белгиски интернационалец важи за еден од најголемите таленти во Европа. Тој има еден гол во шест натпревари во Лига 1 од почетокот на сезоната.

Се очекува „црвените“ да се обидат да го ангажираат младиот играч во јануари, а подготвени се да платат 50 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови