Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја коментираше подзаборавената идеја за формирање на новата Суперлига.
Стратегот роден во Штутгарт нагласува дека за него актуелниот формат на Лигата на шампионите е одличен и нема потреба „десет години по ред“ да се гледаат натпревари меѓу исти тимови.
Клоп во кариерата има освоено една Лига на шампиони, поточно со тимот на Ливерпул во сезоната 2018/2019.
„За мене Лигата на шампионите е всушност Суперлига. Во неа, не сакате да се среќавате со истите тимови одново и одново. Зошто треба да создадеме систем каде Ливерпул ќе игра со Реал Мадрид десет години по ред? Кој сака да го гледа истото“, изјави менаџерот на Ливерпул за „Кикер“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













