
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп доби зелено светло од сопствениците на клубот за комплетирање на трансферот на Рајан Гравенберх. Баерн Минхен потпиша со играчот од средниот ред минатото лето кога за него платија околу 23 милиони евра на Ајакс.
Сепак, Холанѓанецот имаше тешка прва сезона на „Алијанц арена“ со вкупно 32 настапи во сите натпреварувања, но само пет од тие како стартер.
Пред една недела, 21-годишниот фудбалер директно изјави дека сака да игра повеќе и доколку тоа не може да се случи во Баерн, ќе мора да се пресели во друг клуб.
Јирген Клоп сака тоа да го искористи и да го доведе на „Енфилд Роуд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
