
Јирген Клоп ја отфрли можноста за скорешно враќање кон тренерската професија, а исто така ги демантираше тврдењата дека може да го наследи Гарет Саутгејт како селектор на Англија.
Клоп рече за време на меѓународниот тренерски конгрес во германскиот град Вирцбург, дека неговиот агент не му пренесува „апсолутно ништо“ во однос на понудите за работа „ниту од клубови, ниту од национални федерации“.
„Ќе биде најголемото лицемерие во историјата на фудбалот да кажам дека ќе направам таков исклучок“, изјави Клоп.
Тој го напушти Ливерпул ова лето по девет години на „Енфилд“.
Германецот уште на самиот почеток рече дека ќе си земе пауза и не одговори конкретно на прашањето дали воопшто ќе се врати на тренерскиот занает
„Ќе завршам некаква работа. Премлад сум за да се занимавам само со падел тенис и да имам внуци. Дали ќе бидам повторно тренер? Всушност, би го исклучил тоа во моментот. Да видиме што ќе се случи по неколку месеци. Во моментот нема ништо конкретно“, рече Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
