Наполи е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле. Французинот моментно е на позајмица во Астон Вила, но добива многу малку можности да настапува таму. Токму поради тоа „наполитанците“ се надеваат дека ќе успеат да го земат во своите редови, открива каталонскиот „Спорт“.
Ленгле одигра само пет натпревари за клубот од Бирмингем од почетокот на сезоната, сите во Конференциската лига. Во Премиер – лигата нема запишано ниту една минута. Токму поради тоа, најверојатно Астон Вила нема да се двоуми и да го раскине неговиот закуп во случај на понуда за Французинот од друг клуб.
Барселона се надева дека ќе го продаде Ленгле за да го зацврсти својот буџет, но идејата на Наполи е да го земе на позајмица. Постои шанса двата клуба да постигнат компромисна опција, во која дефанзивецот ќе замине на позајмица на „Диего Марадона“ во Неапол, но во неговиот договор да има задолжителна клаузула за откуп на лето.
Ленгле има договор со Барселона до 2026 година. За Каталонците има 160 натпревари, седум гола и три асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













