
Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе имаат голема пресметка в недела во Премиер – лигата, а прославениот англиски судија Марк Клатенбург му порача на менаџерот на актуелниот првак, Јирген Клоп, да не прави притисок кон судиите. Завршено е времето кога сер Алекс Фергусон со своите методи умеел да ги „подготви“ судиите пред дерби – меч.
„Клоп е очигледно загрижен за резултатите на тимот кога реагира вака. Паметен е затоа што бираше зборови и пазеше да не влезе во проблеми, но ова беше очигледен обид за притисок на судијата Пол Тирни кој ќе го суди дербито. Сакаше да му влезе во главата во пресрет на натпреварот. Во право е кога вели дека повеќе пенали се судени за Јунајтед, но се надеваме дека на сите им е јасно дека нема никаква судиска завера. Во право е и кога вели дека напаѓачите на Манчестер Јунајтед паѓаат намерно во шеснаесетникот, но истото го прават и неговите фудбалери. Напаѓачите се лукави, се сопнуваат од противничка нога, сакаат да изнудат пенал. Тоа го прават и Мане и Салах, така што навистина не знам зошто би се жалел. Зошто не се жалеше минатата сезона кога победуваше во секое коло? Клоп никогаш не сака да губи, тоа е јасно. Но, помина времето на сер Алекс Фергусон кога судиите му одеа на рака на Јунајтед. Јас сум единствениот судија кој досудил три пенали за противничките екипи на „Олд Трафорд“, и тоа баш за Ливерпул. Но, тогаш тренер беше Дејвид Мојес. Не сум сигурен дека ќе беше така ако на клупата беше Ферги“, напиша Марк Клатенбург во колумната за британскиот „Дејли Мејл“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
