Connect with us

КЛ: Партизан поразен од Гент, Базел поуспешен од Омонија (ВИДЕО)

Српскиот тим Партизан го загуби дуелот против Гент (0-1). Составот на Алекандар Станојевиќ одигра безидејно и тоа гостите од Белгија умееја да го казнат. Славеа со погодокот на Свен Кумс во 59.минута.

Базел беше успешен на домашен терен против Омонија и победи со 3-1. Милар донесе водство за Базел, израмни Гомез од пенал, но до крајот на првиот дел имаше најстрога казна и за домаќинот која ја реализираше Артур.

Во второто полувреме, Жегрова го потврди триумфот на Базел во 88.минута.

Зорја на гости ја совлада ЦСКА Софија со 0-1, со голот на Сајадманеш, а и АЗ Алкмар идентично триумфираше (0-1) на гости против Клуж.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови