Мајнц 05 со пресврт ја совлада Фиорентина со 2-1 во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Германскиот тим славеше во дербито од првиот денешен термин, покажувајќи карактер и упорност против фаворитот од Италија.
Фиорентина поведе на „Мева Арена“ во 16. минута преку Симон Сохм, а резултатот остана непроменет до полувремето. Во вториот дел Мајнц заигра многу поагресивно и во 68. минута преку Ли Џае Сунг израмни на 1-1.
Италијанците имаа можност повторно да поведат — Моисе Кин дури и постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд. Во последните моменти од натпреварот следуваше шок за гоститe, повторно Ли Џае Сунг погоди во 95. минута и донесе голема победа за Мајнц.
Македонскиот интернационалец Тихомир Костадинов го следеше од клупата триумфот на неговиот Сигма Оломук, кој славеше на гости кај Ноа во Ерменија со 1-2. Головите за чешкиот тим ги постигнаа Славичек и Сила, додека за домашните стрелец беше Мулахусејновиќ.
Во другите натпревари: АЕК Атина и Шамрок одиграа 1-1, АЕК Ларнака и Абердин без голови (0-0), Целје ја победи Легија со 2-0, Купс триумфираше против Слован Братислава со 3-1, Самсунспор славеше над Хамрун со 3-0, Шахтјор го совлада Брејдаблик со 2-0, Спарта Прага и Раков одиграа 0-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













