
Хрватскиот шампион Динамо Загреб се пласираше во осминафиналето од Конференциската лига откако одигра 1-1 против Бетис на „Максимир“. На првиот меч во Севилја, загрепчани славеа со 0-1.
Стефан Ристовски беше стартер во тимот на „модрите“, а Аријан Адеми не е лиценциран за европските натпреварувања.
Бетис поведе во 33. минута откако Аитор Рубила мина по десната страна, упати центаршут по земја во шеснаесетникот, а напаѓачот на гостите Седрик Бакамбу ефективно со петица ја испрати топката во мрежата на Динамо.
Решавачкиот гол вреден пласман за Динамо Загреб во осминафиналето го постигна Јапонецот Такуро Канеко пред крајот од натпреварот.
Во следната фаза се пласираше и швајцарскиот Сервет. Во реваншот од плеј-офот, швајцарскиот шампион го совлада Лудогорец со 0-1 како гостин и се пласираше понатаму, бидејќи првиот меч заврши без голови.
Решавачкиот момент се случи веќе во шестата минута кога играчот од средниот ред на гостите Тимоти Коња ја искористи големата грешка на Гонсалвес, ја одзеде топката и постигна гол вреден за осминафиналето.
Натпреварот меѓу Бодо/Глимт и Ајакс отиде во продолженија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
