Иван Тричковски со АЕК Ларнака ќе игра во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА откако кипарскиот тим одигра 0-0 на реваншот против Днипро во Кошице. Клучен беше минималниот триумф од 1-0 на првиот дуел.
На идентичен начин и Лацио го елиминира Клуж. Италијанскиот тим одигра 0-0 во Романија откако оствари минимална победа од 1-0 на „Олимпико“ во Рим.
Партизан доживеа шок во Белград. „Црно-белите“ загубија со 1-3 од Шериф Тираспол и се елиминирани, иако имаа предност од првиот меч (0-1).
Мениг го доведе Партизан во водство во 13.минута, но Бадоло и Диоп се погрижија за пресврт до крајот на првото полувреме. Голот за пласман понатаму на Шериф го постигна Мухамед Диоп.
Андерлехт и Лудогорец играат продолженија откако белгискиот тим победи со 2-1 на реваншот. Во првиот дуел Лудогорец обезбеди предност од 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













