Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини потврди дека ќе ја заврши репрезентативната кариера на натпреварот против Аргентина на „Вембли“ во јуни. На легендарниот стадион минатото лето тој го постигна најголемиот успех со „аѕурите“ освојувајќи го Европското првенство.
“Ќе се збогувам со репрезентацијата на Вембли, каде што го достигнав врвот на кариерата со освојување на Европското првенство. Сакам да се простам со убави спомени. Ова секако ќе биде мојот последен натпревар за Италија”, изјави Кјелини.
Неговиот договор со Јувентус истекува во летото 2023 година.
„Прво да го освоиме четвртото место и да го освоиме Купот на Италија, а потоа ќе седнам со двете семејства – со семејство и со Јувентус и ќе одлучиме што е најдобро за сите“, истакна Кјелини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













