
Дефанзивецот на Милан, Симон Кјаер, изрази задоволство од пласманот на неговиот тим во осминафиналето во Лигата на Европа. „Росонерите“ го загубија реваншот со Рен со 2-3, но тоа не ги спречи да одат во следната фаза.
Данецот тврди дека неговиот тим може да го победи секој противник во ова натпреварување.
„Знаевме дека играме против силен противник пред негова домашна публика. Но, имавме шанса да го решиме натпреварот во првите десет минути. Тоа беше тежок натпревар, тие дадоа сѐ од себе. Треба да бидеме поефикасни во реализацијата на нашите шанси. Единствена цел ни беше да се пласираме, тоа е најважното. Можеме да го победиме секој противник во Лига Европа. Тоа е мојот став и тоа е менталитетот на Милан. Се разбира, некои тимови е потешко да се победат од другите. Но, ако сакате да го освоите трофејот, треба да можете да ги победите сите. Ние одиме со кренати глави и веруваме во нашите можности“, истакна искусниот дефанзивец.
Ждребот за осминафиналето во Лига Европа ќе се одржи денеска напладне во Нион, а можни ривали на Милан се Вест Хем, Ливерпул, Баер Леверкузен…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
