Во извонредна партија фудбалерите на Кит Го славеа со 2-0 против фаворизираната Беласица во 10. коло од Втората лига – Исток. На дуелот во Пехчево, избраниците на Емил Грнев комплетно им се реваншираа на струмичани за поразот на првиот меѓусебен дуел сезонава во Струмица. Творец на победата беше Дарко Алексовски со два гола.
Уште од самиот старт Кит Го тргна офанзивно, па веќе во 9. минута следеше погодокот за 1-0. Голманот Пашовски изведе слободен удар од 30 метри пред својот гол на десната страна од каде по центаршутот пред голот на гостите, Дарко Алексовски извонредно од прва сместува во мрежата на Беласица.
Во максимално борбен натпревар со многу ангажман и на двата тима, гостите во првиот дел имаа шанса по корнер, со глава се обиде Истатов но над голот на Кит Го.
Второто полувреме го одбележа феноменалниот гол на Дарко Алексовски во 69. минута. По корнерот од левата страна, гостинските дефанзивци ја одбија топката на 25 метри каде Алексовски со извонреден волеј удар погоди во мрежата на Беласица.
Натпреварот во Пехчево стартуваше со закаснување од половина час поради доцнење на судиската тројка која имаше сообраќајна незгода кај Кочани на доаѓање кон Пехчево, за среќа без посериозни последици.
РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО
Кит Го – Беласица 2-0
Тиквеш – Кожуф 0-1
Питу Гули – Осогово 1-3
Каменица Саса – Победа 2-0
Брегалница – Плачковица (18 ч.)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski