Иван Варадиновски ќе го предводи ФК Пехчево во пролетниот дел од шампионатот на Втората лига – Исток. Досегашното име Кит Го заминува во историјата, а клубот продолжува да се натпреварува под ново име и со нов тренер.
Варадиновски, кој досега беше прв помошник во клубот, доаѓа на местото на Трајче Сенев. Согласно определбата на клубот но и на Варадиновски како нов шеф на стручниот штаб, Пехчево како и досега и во иднина силно ќе промовира млади талентирани фудбалери на домашната фудбалска сцена.
„Успешно ги стартувавме подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Тимот како и досега ќе се темели на спојот младост и искуство. Секако моја основна определба ќе биде промоцијата и поддршката за младите фудбалери кои верувам максимално ќе ја оправдаат довербата со успешни настапи низ продолжението од првенството“, вели Варадиновски.
Во првото пролетно коло во Втората лига – Исток закажано за 19. февруари, ФК Пехчево ќе се соочи со Слога Виница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













