Скопје и Брегалница се пласираа во елитата, а Охрид и Тиквеш ќе се обидат да им се придружат преку баражот за пласман во Првата лига.
Скопје во своите редови го има најдобриот стрелец во Втората лига Запад, Христијан Кировски. Голгетерот на „пиратите“ низ пресметките на Западот успеа да постигне 15 гола и заврши прв на листата на стрелците пред Елмир Алији (Дрита) и Аљтин Лога (Велешта) кои дадоа по 11 погодоци.
Најдобриот стрелец во Втората лига – Исток доаѓа од тимот на Тиквеш. Тоа е Симеон Христов кој исто така зад своето име запиша 15 гола. Потоа доѓааат неколку фудбалери на Брегалница. Мартин Стојанов постигна 13 гола, а следат Дарко Додев (Брегалница), Ристе Наумов (Брегалница) и Сашо Дуков (Саса) со по 11 постигнати гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













