Повремениот македонски репрезентативец Кире Маркоски и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Тој потпиша нов договор со „романтичарите“ и се обврза на верност до крајот на 2024 година.
Маркоски имаше одлични настапи минатата сезона и взаемна беше желбата на клубот и крилниот напаѓач за продолжување на соработката.
Тој на почетокот на 2023 година се врати во Работнички, каде играше и во периодот од 2012 до 2018 година. Во Македонија, Кире Маркоски настапуваше и за Вардар, Шкендија, Шкупи и за Академија Пандев, а градеше и интернационална кариера во АЕЛ Лимасол (Кипар), Спартак Трнава (Словачка).
Кире Маркоски беше дел од „златната генерација“ млади фудбалери која со Македонија учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година, а има и пет настапи за сениорскиот национален тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













