Connect with us

Кимих во Баерн Минхен до 2025 година

Фудбалерот за врска Џошуа Кимих го продолжи договорот со Баерн Минхен, соопшти баварскиот клуб. Новиот договор е со важност до 2025 година. Германскиот репрезентативец ќе остане на „Алијанц арена“ и во наредните четири години.


Кимих го носи дресот на Баерн Минхен од 2015 година. Минатата сезона, 26-годишниот фудбалер од средниот ред настапи на 39 натпревари, постигна шест гола и забележа 14 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови