
Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, би можел да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен. Парижаните размислуваат да го ангажираат 29-годишниот Германец ова лето.
„Билд“ вчера објави дека Кимих размислува да го напушти германскиот шампион бидејќи порано беше клучен играч во клубот, но Тухел веќе не се потпира толку многу на него.
Германецот за малку ќе се пресметаше со помошниот тренер на Томас Тухел, Јолт Лев, откако беше заменет на мечот со Бохум (2-3) во 22. коло од Бундес-лигата. Овој инцидент целосно ја уништи релацијата меѓу Кимих и Тухел.
Играчот од средниот ред игра за Баерн од 2015 година. Сезонава има 26 натпревари на кои постигна еден гол и подели шест асистенции.
Неговиот договор со клубот е до летото 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
