
Претходните години беше многу убаво да се биде навивач, играч или тренер на Баерн, но годинава всушност не е така, а секако најголемата причина се резултатите на овој клуб во тековната сезона.
Баерн Минхен се наоѓа во многу тешка ситуација, посебно по по поразот од лидерот во Бундес-лигата, Баер Леверкузен, но и уште два порази во низа.
Следеше пораз (1-0) и на натпреварот од Лигата на шампионите против Лацио 1:0, како и поразот (3-2) од Бохум во Бундес-лигата.
Освен што имаат резултатски проблеми, сѐ поголеми се проблемите и во соблекувалната поради незадоволство кај играчите.
Поточно, има голем проблем во односот меѓу Томас Тухел и Џошуа Кимих, тврди „Билд“.
Кимих во Баерн има статус на еден од капитените во клубот, а секако на сите им е јасно дека е еден од најдобрите фудбалери на тимот.
Меѓутоа, поради некои одлуки на Тухел, Кимих почна да ги губи нервите. Тој беше продолжена рака на претходниот тренер Џулијан Нагелсман, но очигледно дека нема добар однос со Тухел.
Поради ова тој најверојатно ќе замине од „Алијанц арена“ по завршувањето на сезоната иако има договор до јуни 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
