Репрезентацијата на Италија е на чекор до остварување на сонот и освојување на трофејот на Европското првенство. Ќе има ѓаволски тешка задача во финалниот дуел, со оглед дека ривалот е Англија, а мечот се игра на „Вембли“.
„Не очекува големо финале, му приоѓате со насмевка на лицето и имате најголема почит кон своите противници. Тоа е нешто што секогаш сум го правел на овие мечеви од Европското првенство. Сега сме на последното скалило и мораме да сториме се за да го искачиме. Кога ќе почне натпреварот, тогаш следи експлозија од емоции“, вели капитенот на Италија.
Киелини смета дека има магија меѓу „аѕурите“ и тоа може да ги одведе до трофејот.
„Ние навистина уживаме во оваа авантура, чувството е фантастично, групата се поддржува максимално на секој дел од теренот. Почувствував дека има нешто посебно и магично во овој тим на Италија. Тоа е најважно за освојување на трофејот“, истакна Киелини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













