Италијанскиот калчолигаш Јувентус вечерва го пречекува актуелниот европски шампион Челси во дерби натпреварот од групата Х во Лигата на шампионите. Дуелот доаѓа во непријатен момент за „старата дама“ која се мачи да ја пронајде формата, а тимот на Масимилијано Алегри ќе биде дополнително ослабен поради отсуствата на Пауло Дибала и на Алваро Мората. резултатите на почетокот на сезоната.
Но, капитенот Џорџо Кеелини смета дека натпреварот против Челси е најлесен за неговиот тим во овој период.
„Вечерва ќе го одиграме најлесниот натпревар за нас во овој период. За овие големи натпревари се подготвуваме полесно, тензијата е голема и сите се максимално фокурани во обидот да одиграат што подобро. Челси уште повеќе го засили тимот откако ја освои европската титула. Сепак, сигурен сум дека ќе одиграме добро“, изјави Киелини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













