Капитенот на Белгија, Кевин де Бруин, е на пат да се откаже од настапите за националниот тим. Според информации од Белгија, челниците на федерацијата се загрижени дека 33-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Сити е блиску до одлуката да ги заврши своите настапи во репрезентативниот дрес.
Де Бруин ги критикуваше своите соиграчи по поразот од Франција во Лигата на нации. Белгијците загубија со 0-2 во Париз, а капитенот на селекцијата го изрази своето незадоволство од однесувањето на некои од фудбалерите.
Селекторот Доменико Тедеско следната недела ќе патува за Манчестер за да разговара со Де Бруин. Белгиските медиуми наведуваат дека би било добро емоциите на играчот да се смират пред тој да ја донесе конечната одлука.
Кевин де Бруин дебитираше за белгискиот национален тим во 2010 година и досега има одиграно 107 натпревари и постигнато 30 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













