
Кевин де Бруин пристигна во Манчестер Сити во 2015 година и во изминатата деценија се истакна како еден од најдобрите играчи на средината на теренот во историјата и играч кој го водеше тимот до многу успеси. По освојувањето на шест титули во Премиер – лигата, една во Лигата на шампионите и вкупно 15 титули, 33-годишниот белгиски играч за врска би можел да го напушти „Итихад“.
Англиските медиуми пишуваат дека ги договорил личните услови за соработка со Ал-Итихад за преселба во Саудиска Арабија.
Де Бруин има важечки договор со Манчестер Сити уште само за новата сезона и саудиските клубови сакаат да ја искористат таа ситуација.
За Белгиецот ќе треба да платат голема отштета, а уште поголеми би биле трошоците за неговиот договор. Во Сити заработува околу 21 милион евра по сезона.
Медиумите на Островот пишуваат дека Де Бруин веќе ги договорил барањата и дека сега на клубовите е да ја договорат висината на трансферот. Преговорите се во тек.
Ал-Итихад го води Лоран Блан, а во тимот се звучни имиња како Н’Голо Канте, Карим Бензема, Фабињо и Жота. Клубот минатата сезона ја заврши на петтото место на табелата со 42 бода помалку од шампионот Ал-Хилал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
