Љубовната драма меѓу Ванда Нара и Мауро Икарди сепак доживува хепиенд. Таа објави фотографии на Инстаграм на кои е во прегратка со Мауро, најверојатно простувајќи му го неверството.
Пред неколку дена се случи сериозен раздор во семејството откако таа повторно на Инстаграм објави порака дека Мауро Икарди уништил се поради една ку*ва и ги избриша заедничките фотографии. Ги зема децата и замина за Милано.
Но, Мауро Икарди веднаш тргна по неа, доби и слободен ден од Пари Сен Жермен, а тоа очигледно дека даде ефект. Ако се суди според најновите објави на Ванда Нара на Инстаграм, тие се повторно заедно. Но, Ванда сепак покажа дека нема така лесно да оди зближувањето, затоа што сега преферира да нема прстен на раката.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













