
Капитенот на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн, ги критикуваше оние кои на социјалните мрежи на расна основа ги навредуваа тројцата фудбалери, кои промашија пенали во поразот од Италија, во финалето на Европското првенство.
„Тројцата момци кои беа брилијантни цело лето имаа храброст да изведуваат пенали кога влогот беше голем. Тие заслужуваат поддршка, а не одвратни расистички навреди. Ако злоупотребувате некого на социјалните мрежи, вие не сте навивачи на Англија и не ве сакаме“, изјави Кејн.
Англија загуби од Италија во финалето на Европското првенство на Вембли во Лондон по изведување пенали (2-3), откако во регуларниот тек и по продолженијата мечот заврши 1-1.
Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ги одбрани пеналите на Џејдон Санчо и на Бакајо Сака, а Маркус Рашфорд ја погоди стативата.
Тројцата добија навреди на расна основа преку социјалните мрежи по завршувањето на мечот.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, изјави дека тие навреди се непростливи, а постапката на навивачите ја осудија бројни спортисти, како и британскиот премиер Борис Џонсон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
