Голманот на Пари Сен Жермен, Кејлор Навас, има намера да го смени клубот во зимскиот преоден рок. Според информациите, голманот е цел на Вест Хем, Тотенхем и на Манчестер Јунајтед.
Навас го загуби местото стартер по доаѓањето на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума од Милан. Минатата сезона Костариканецот одигра само 25 натпревари за ПСЖ и прими 24 гола. Навас (35) оваа сезона е резервна опција на Донарума,а неговиот договор со тимот истекува во 2024 година.
Претходно, спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли, призна дека во летниот преоден рок клубот се обидел да го ангажира Навас во замена за играчот од средниот ред Фабијан Руиз.
Клубовите планираа размена, но на крајот беше постигнат само договор со Руиз да се пресели во ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













