
Германскиот интернационалец Месут Озил во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Фенербахче, најавуваат турските медиуми. Одличниот креатор на играта е „под мраз“ во Арсенал, воопшто не настапува поради чудната одлука на менаџерот Микел Артета, а тимот бележи слаби резултати.
Озил има договор до крајот на сезоната, но Фенербахче сака да го доведе во јануари и речиси се е договорено. Тоа значи дека Арсенал ќе се спаси од оргомната плата 350.000 фунти неделно, Фенербахче ќе добие супер-засилување без да плати отштета, а Месут Озил конечно ќе се врати на фудбалските терени.
Фенербахче е во трка за шампионската титула во Турција заедно со Галатасарај и со Аланија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
