
Освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, вечерва (21.15 часот) го игра реванш мечот против Брејдаблик од првото квалификациско коло во Конференциската лига. Составот на Ѓорѓи Мојсов со супер-пресврт успеа да победи со 3-2 на првиот меч во Скопје, иако по првото полувреме имаше негатива од 0-2.
Токму тој пристап од второто полувреме им е потребен вечерва на кавадарчани за да одолеат на предизвикот и успешно да го пребродат ова гостување на Исланд. Брејдаблик можеби важи за фаворит, но тренерот Ѓорши Мојсов силно верува во својот тим.

„Јасно е, Тиквеш мора да го одигра својот најдобар натпревар, само на тој начин ќе успееме да ја оствариме нашата цел. Покажавме дека можеме на првиот меч во Скопје, направивме голем пресврт во вториот дел и тоа сега треба да ни биде насока и за вечерашниот реванш дуел“, изјави тренерот Ѓорѓи Мојсов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
