
Лидерот на табелата во Втората лига Запад, тимот на Силекс, денеска (13 часот) треба да го заокружи одличниот есенски настап со гостување во Велешта. Мечот е неизвесен дали повторно ќе се одигра поради снежниот терен на домаќинот. Иако е интервенирано, направен е обид снегот да биде исчистен, сега теренот повеќе наликува на каллива нива, отколку на фудбалски терен. Но, проценката сепак ќе ја дадат судијата и делегатот на натпреварот заедно со капитените на двата тима.

Во Гостивар ситуацијата е уште полоша, таму снегот не е ни исчистен, а прашање е каква ќе биде состојбата и за одигрување на дуелот Кораби – Охрид Лихнидос.
Во Втората лига Исток треба да се одиграат два натпревари, Кожуф – Братство и Детонит – Осогово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
