
Реал Мадрид е во длабока резултатска криза. По поразот од Алавес во Ла Лига, „кралевите“ загубија со 2-0 и против Шахтјор во Лигата на шампионите и го загрозија пласманот во нокаут фазата од елитното европско натпреварување. Дали ова значи и крај за Зинедин Зидан на клупата на Реал?
Флорентино Перез и раководството на клубот треба да донесат одлука во текот на денешниот ден. Доколку Зидан добие отказ, а има многу причини за тоа, првата опција треба да биде аргентинскиот стратег Маурисио Покетино. Тој е без клуб и чека добра можност да се врати ако добие добра понуда.
Подобра понуда од можноста да се води Реал Мадрид веројатно и не постои. Втората опција за можен наследник на Зидан е легендата на клубот, Раул Гонзалес. Тој во моментот го води резервниот тим на „кралскиот клуб“.
Следните три меча за Реал Мадрид исто така се пеколни. Следи градското дерби со Атлетико Мадрид, па решавачкиот меч со Борусија Менхенгладбах во ЛШ, а потоа и гостување кај Севилја во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal