Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, не е сигурен во својата иднина на „Енфилд“, изјави фудбалерот за медиумите на Островот по неговиот натпревар од ФА Купот со Норич.
Се беше толку мирно за навивачите на Ливерпул до петокот, кога менаџерот Јирген Клоп најави дека на лето ќе заврши неговата одисеја во клубот.
Тоа беше шок, не само за оние кои живеат за црвена боја, туку и за целиот фудбалски свет со оглед дека Германецот е врзан со договор до 2026 година. Но, клупските оперативци сега имаат и нов проблем.
Вирџил ван Дајк исто така може да го напушти „Енфилд“. Холанѓанецот не е сигурен дали ќе биде дел од новата ера на Ливерпул.
„Тоа е големо прашање. Не знам сега. Клубот има сериозна работа пред себе, многу работи ќе се променат. Љубопитен сум да видам во која насока ќе се движиме“, изјави еден од најдобрите дефанзивци во светот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













