Арсенал по речиси 60 години загуби од Барнли (0-1) на домашен терен во Премиер – лигата, а да бидат главоболките на Микел Артета поголеми тоа е четврти последовен пораз на „топчиите“ на својот стадион. Проектот на Артета е пред колапс, а раководството размислува дали да му даде отказ.
„Сами си го загубивме мечот. Имавме доминација, баравме водечки гол и потоа се случи црвениот картон на Гранит Џака кој беше сериозен удар за тимот. Потоа и си постигнавме автогол од една ситуација пред нашиот гол, од таков шок тимот не можеше да се врати. За жал, енергијата не ја насочивме во вистинска насока и треба многу да работиме за да излеземе од оваа непосакувана ситуација“, изјави Микел Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













