
Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва имаат историска шанса да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите, а Томас Тухел на најдобар можен начин да се прости од германскиот клуб.
Од другата страна е сѐ посилниот Реал Мадрид, кој знае како да ги игра овие натпревари и како да ја освои Лигата на шампионите, но и Томас Тухел знае како да не изгуби на „Сантијаго Бернабеу“.
Тухел и неговите тимови во досегашната кариера четири пати гостувале кај Реал Мадрид и немале ниту еден пораз, со три нерешени и една победа.
Тоа реми го забележа како тренер на Борусија Дортмунд во сезоната 2016/17 кога резултатот беше 2-2.
Потоа се врати како тренер на Пари Сен Жермен, исто така беше 2-2 во сезоната 2019/20.
Потоа дојде редот на Челси. Прво во шампионската 2020/21 година одигра 1-1 и така стигна до финалето со Сити, а потоа следната сезона славеше со 2-3 во Мадрид, но тоа не му беше доволно да помине, бидејќи загуби на Стемфорд Бриџ“ – 1-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Најтрофејниот клуб Вардар го победи шампионот Струга ТЛ на гости, а Шкендија успеа да...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на...
Автор makfudbal
