
Македонскиот прволигаш Ренова на охридското крајбрежје се подготвува за пролетните искушенија, а тренерот Ќатип Османи кој ја презеде екипата при крајот на есента сега има можност самиот да го селектира тимот и добро да го подготви за тоа што следува. „Гипсарите“ покажаа ефикасност на последниот тест против Велешта, а Османи вели дека најважно е што во овој период сите се здрави и тренираат максимално.
„Задоволен сум од текот на подготовките. Сите фудбалери се здрави и максимално се работи за некој тренинг. Тоа е најважно за овој период. Одигравме и неколку пријателски натпревари низ кои полека се дефинира тимот на Ренова за вториот дел од првенството. Целта е јасна, да ги избегнеме долните позиции на табелата, заедно со баражот и што е можно побрзо да излеземе кон средишниот дел. Нема да биде лесно, затоа што речиси сите клубови се во таа битка, од четвртата позиција, па се до последното место“, вели за Макфудбал, тренерот на Ренова, Ќатип Османи.
Тимот од Џепчиште е познат по тоа што не менува многу, ростерот неколку години игра заедно. Оваа зима доведени се неколку засилувања за кои Османи вели дека добро се вклопуваат во составот.
„Доведовме неколку засилувања на позициите каде што бевме „тенки“. Засега се оди добро, тие добро се вклопуваат во целината. Остануваат уште десетина дена, а потоа првенството ќе покаже како сме работеле бидејќи резултатите се единственото мерило.“
Ренова по есенскиот дел од сезоната се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 19 освоени бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
