
Тренерот на Струга Трим Лум, Ќатип Османи, е оптимист во пресрет на утрешниот реванш натпревар против Слован Братислава во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Слован на првиот меч победи со 4-2, но стружани на пет минути пред крајот имаа одлични, 2-2.
Тој вели дека такви грешки во одбраната не треба да се повторат.
„Во текот на неделата ги анализиравме нашите грешки што ги направивме на првиот натпревар против Слован Братислава. Работевме напорно за да не се повтори истото на утрешниот натпревар. Имаше периоди кога бевме доминантни, но имаше и периоди кога не бевме на поттребното ниво, особено на крајот од натпреварот“, изјави Ќатип Османи.
„И покрај двата гола негатива што ги имаме, веруваме дека не се несовладливи. Сите во клубот се оптимисти, па утре очекуваме да го дадеме максимумот и да оствариме позитивен резултат кој ќе ни овозможи да поминеме во следното коло“, истакна шефот на стружани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
