Connect with us

Каспер Шмајхел најдобар за 2020 година во Данска

Данскиот репрезентативен голман и член на англискиот премиерлигаш Лестер е избран за најдобар во 2020 година од соиграчите од националниот тим. Тој вторпат последовно е избран за најдобар фудбалер во Данска, а претходно го доби признанието и во 2016 година. 

„Оваа награда многу ми значи, затоа што се работи за избор од колегите. Се чувствувам навистина среќен и се надевам дека во 2021 година ќе бидеме сите заедно многу поуспешни“, изјави Каспер Шмајхел.

34-годишниот голман дури 14 пати успеа да ја сочува мрежата мирна на натпреварите во 2020 година.

 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови