
Бразилскиот фудбалер Кашемиро е на чекор од потпис за Манчестер Јунајтед. Англискиот клуб достави понуда вредна 60 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони во бонуси, и тоа Реал Мадрид практично не може да го одбие за човек кој има 30 години, а за него веќе има и замена во Аурелиен Чуамени.
Реал на тој начин брзо ќе ја врати инвестицијата во осум години помладиот Французин, за кого се предвидува светла иднина.
Кога станува збор за Манчестер Јунајтед, тие брзаат да ја завршат работата што е можно побрзо. Пред се, за најновото засилување, кое е во одличен натпреварувачки ритам, да биде во тимот за дербито од третото коло од Премиер – лигата против Ливерпул.
Сепак, дали тоа ќе биде возможна мисија? Се очекува целата работа да биде завршена најмногу за 48 часа, со тоа што лекарскиот преглед се уште не е закажан. Најтешко ќе биде да се заврши процедурата за добивање виза, што не е така брзо и лесно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
