
Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Кашемиро, ќе добие казна од четири натпревари за црвениот картон на мечот со Саутемптон (0-0), пишуваат медиумите во Англија. Бразилецот беше исклучен поради грубиот удар врз Карлос Алкараз, а со оглед дека тоа му е втор црвен картон во сезоната, најмалата суспензија е да отсуствува на четири меча.
Кашемиро оваа сезона забележа 37 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, а тимот оствари триумф на 76% од нив.
Без Бразилецот, Манчестер Јунајтед одигра седум натпревари од кои победи само на 43%. Во нив тимот на Ерик Тен Хаг постигнуваше и примаше во просек по 1,7 голови по натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП
