
Познатиот италијански напаѓач Антонио Касано не е голем фан на Маурисио Покетино и верува дека тој набрзо ќе добие отказ во ПСЖ. Аргентинецот го презеде ПСЖ на 2 јануари годинава, а не успеа да ја освои титулата во Франција. За новата сезона, тој како засилувања ги доби Лионел Меси, Ашраф Хакими, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Џорџинио Вајналдум од сопствениците на клубот, па сега се очекува Покетино да ги освои сите трофеи.
„Покетино ќе трае кратко во ПСЖ. Слушнав лоши работи за него. Тој е одлично момче, но како тренер не се снаоѓа добро. Тој бара од играчите совет како да игра тимот. Јас можам подобро, верувајте ми. Никогаш не тренираше шампиони и сега има проблем со управувањето со одлични играчи. Колку што разбрав, ако продолжи вака, ќе добие само уште малку време. Внимавајте на Зидан “, изјави Касано.
Касано смета дека Зинедин Зидан би можел да стане нов тренер на ПСЖ доколку Покетино не го подобри својот статус до крајот на годината.
Покетино го предводеше ПСЖ на 46 натпревари. Има 33 победи, четири нерешени средби и девет порази. Тој го освои Купот на Франција и Суперкупот на оваа земја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
