Connect with us

Карлос Тевез почнува тренерска кариера

Карлос Тевез на почетокот на јуни годинава и официјално стави крај на кариерата. Аргентинецот ја напушти Бока Јуниорс во јули минатата година, а уште тогаш беше јасно дека популарниот „апачи“ нема да се врати на терените. Барем не како играч.


Аргентинските медиуми објавија дека Карлос Тевез е подготвен да влезе во тренерските води и ќе го преземе Розарио Централ.

Аргентинската лига веќе започна, Розарио моментно е 17. на табелата со пораз, победа и реми во три одиграни кола.

Ова ќе биде голем предизвик за 38-годишниот Аргентинец, кој се прослави во дресовите на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и на Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови