Connect with us

Карим Бензема го пропушта Мундијалот во Катар!

Францускиот репрезентативец Карим Бензема ќе го пропушти Светското првенство во Катар. Официјално најдобриот фудбалер на светот, ја обнови претходната повреда на бутниот мускул на тренинг и ќе мора да паузира околу три седмици.


Претходно, фудбалерот на Реал Мадрид го повреди бутниот мускул на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик.

Бензема за Франција одигра 97 натпревари и постигна 37 гола. Ова ќе биде прво Светско првенство по 1978 година, без најдобриот играч на светот за таа година.

„Никогаш не се откажувам, не сум таков по природа, но во овие моменти морам да мислам на тимот“, изјави Карим Бензема.

Франција сега ќе биде значително ослабена во обидот да ја одбрани светската титула. Неколку дена пред почетокот на Мундијалот се повреди и Кристофер Нкунку, а Дидие Дешамп не може да смета на уште неколку важни играчи како Н’Голо Канте, Пол Погба и Преснел Кимпембе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови